| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен водачот на навивачката група на Црвена звезда

Еден од водачите на навивачката група на Црвена звезда Велибор Дуњиќ (27) синоќа е убиен кај сплавот на Дунавскиот кеј, додека неговата пријателка Мина Шобот е тешко ранета. Tаа со возило итно е пренесена в болница, каде што веднаш е оперирана.

Дуљиќ го застрелал непознат напаѓач кога со девојката излегол од сплавот и седнал во џип БМВ. Кога го ставил клучот во бравата напаѓачот му пришол и пукал во него, по што тој починал во возилото на паркингот.

-Куршумите ја погодиле и Мина. Тешкоранетиот навивач успеал да вози десетина метри а потоа умрел – велат од полицијата. Пукањето го слушнале гостите од сплавот и кога излегле надвор биле шокирани. Девојката е веднаш пренесена в болница.

Дуљиќ, наводно, во последно време се здружил со Милош Делибашиќ, кој се доведува во врска со убиството на Никола Бојовиќ, брат на Лука Бојовиќ. Дуњиќ, според изјавите на еден сведок, чијашто проверка е во тек, требало да изврши ликвидација на Филип Кораќ, десна рака на Лука Бојовиќ. Кога пред неколку дена во Белград е ранет Марко Шево (29) еден од навивачите на Црвена звезда и пријател на Дуњиќ, тој и Милош Делибашиќ се видени на местото на пукањето. Според податоците од полицијата, цел, всушност, бил Делибашиќ.

Против Дуњиќ, кој е познат по дилањето дрога и насилство се покренати 40 кривични пријави.

Моментно притив него се водат пет судски псотапки, а од затвор е пуштен по општата амнестија. Во затвор бил поради пресудата дека на сплавот „Калипсо“ заедно со Урош Аврамовиќ, исто така навивач на Црвена звезда, тешко го повредил Андрија Чогуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top