| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавите урнаа мост во БиХ (видео)

mostbih

По обилните дождови и поплавите што се појавија во Босна и Херцеговина, следува нова катастрофа – надојдената река урива цели мостови!

Ситуацијата во БиХ е драматична затоа што реката тече низ градовите, додека беспомошните граѓани на покривите од своите куќи чекаат спас.

Посебно критична е состојбата во Завидовиќи, каде што реката однесе цел мост со себе, а конструкцијата потоа однесе уште еден мост.

Ужасното невреме во Европа предизвика непогоди и во други соседни земји.

Во Србија е прогласена вонредна состојба поради поплавите, а во Хрватска за денеска е најавено невреме во црвена и жолта фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top