| четврток, 6 декември 2018 |

Поддржувачите против своите

vasko-eftov-galeb-300x225Изминатиот период кои важат за блиски до најголемата опозициска партија отворено го нападнаа раководството на СДСМ по дебаклот на предвремените парламентарни избори. Меѓу нив и Ивор Мицковски, кој денеска пишува за „Погребот на СДСМ“. П0крај него, распалија и Васко Ефтов, Александар Чомовски…

-Во оној момент кога Заев не се стави на листите, тој прати политичка порака за тоа што очекува од овие избори. По малку некоректно, вие својата функција во Струмица , да ја правите цела партија заложник на таа функција. Бидејќи Заев два пати ја пушта низ вода својата партија. Лани кога ја уценува партијата да се оди на избори и да се прекине бојкотот и сега, смета новинарот Васко Ефтов.

Меѓу оние кои испратија жестоки критики кон раководството на СДСМ беше и Александар Чомовски, кој праша за каква храброст зборуваат во СДСМ ако не можат да се соочат со граѓаните и да влезат во избирачкото тело, да го мотивираат.

-Оваа дефиниција на системска кражба на гласови е континуитет на СДСМ и додека не излезат од таа матрица дека се некој друг им е виновен не можат да се свртат кон сопствените грешки, кон пронаоѓање на модел во кој ќе се справат со таканаречениот режим. Ако мислеа дека со раздвоена кампања што можеше да изгледа на прв поглед добра, ако мислеа дека само со понуда „граѓанинот пред се“ може да се освои избирачот, тогаш пораката им стигна, вели Чомовски.

Кон раководството на СДСМ изминатиов период “распалија“ и останати отворени поддржувачи на нивната политика, како Саше Ивановски-Политико и Сашо Орданоски, кој забележа дека СДСМ ја очекува судбината на грчки ПАСОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top