| четврток, 6 декември 2018 |

Хамбург не доби лиценца за настап во Бундеслигата

Следната сезона во ракометната Бундеслигата нема да го гледаме тимот Хамбург. Независната Комисија за лиценцирање одби да му издаде лиценца за настап во сезоната 2014/15. Како причина се наведува неможноста на поранешниот европски шампион да ја докаже својата финансиска солвентност за настап во најквалитетната германска лига. За решението Хамбург може да се жали во текот на една недела.

Утврдено е дека во буџетот на Хамбург недостигаат 2.500.000 евра потребни за нормалното работење, а по оставката на главниот мецена, Андреас Рудолф, прашање е каде ќе се најдат толку средства.

– Би било навистина жалосно ако Хамбург на крајот мора да згасне – рече Бауер Бернхард, претседател на Бундеслигата.

Конечната судбина на клубот ќе се знае до 15 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top