Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер ги спореди крајно левичарските и радикалните учесници на протестите за време на Г20 во Хамбург со неонацисти и исламски терористи.
-Тоа не беа демонстранти. Тоа се анархистички криминалци- порача Де Мезиер нагласувајчи на „во целост неконтролираното насилство“ за кои оцени дека во многу случаи може да се смета како обид за убиство.
Германскиот шеф на дипломатијата тврди дека не може да се наведат никакви политички мотиви и ги нарече „гнасни насилни екстремисти , како неонацистите и исламските терористи“.
Најекстремните учесници на масовните протести против самитот на Групата 20 во Хамбург палеа автомобили, ограбуваа продавници и фрлаа со камења и шишиња по полицијата. Официјалните податоци покажуваат дека скоро 500 полицајци се повредени, а 186 лица се задржани во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија