| четврток, 6 декември 2018 |

По 12 сезони, крај на серијата „Два и пол мажи“

Популарната серија, која се прослави поради Чарли Шин, а во која моментално глуми Ештон Качер, ќе заврши со прикажувањето во 2015 година. Тоа го потврдија и од „Си-Би-Ес“.

Последната, односно 12., сезона во САД ќе почне да се прикажува во септември оваа година.

– Чак Лори е многу возбуден околу смислувањето на крајот на серијата. Веќе има многу идеи и подготвува големо изненадување – откри Нина Ташлер, претседателка на „Си-Би-Ес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top