продолжение на текстот со наслов Како СДСМ за 10 години целосно ги промени изборните стандарди?
Еве што за СДСМ се демократски избори- Физички пресметки, бркање меѓународни набљудувачи, заплашување со оружје, фалсификување
Ова се нови детали од извештајот на ОБСЕ за изборите во 2004 кога Црвенковски победи и кои СДСМ ги призна за демократски
- Постојат извештаи за вооружени лица во регионот околу Скопје, а беа пријавени и физички пресметки на три избирачки места. Меѓународните набљудувачи беа спречени да набљудуваат на неколку избирачки места
- Постоеја инциденти на гласање за други лица на 26 гласачки места, а биле увидени и силни индикации на полнење на гласачки кутии на 11 гласачки места .
- На две гласачки места набљудувачите директно биле сведоци на чин кога член на Избирачкиот одбор фалсификувал потписи во извадокот од Гласачкиот список . Треба да се истакне дека во 6% од набљудуваните галсачки места, гласачите ниту се потпишувале ниту оставиле отисок во Гласачкиот список.
- Исто така беше забележано и групно гласање на гласачките места , кое одеше и до 20% во етнички албанските области.
- Избирачкиот одбор не ги пребројувал гласачките, ливчиња , што е условено со закон. Во некои случаи биле додавани потписи во гласачкиот список за да исправи проблемот.
- Процесот беше сериозно нарушен со преполнување на кутии, гласање за други лица и заплашување
- Бројни случаи на преполнување на гласачки кутии беа пријавени во регионите покриени од Општинските изборни комисии во Дебар , Гостивар, Кичево, Гази Баба, Струга, Куманово, Центаr, Чаир, КиселаВода, СтругаиТетово.
- Во некои избирачки места гласачите активно биле обесхрабрувани да гласаат. Во други пак, заплашувањето било насочено против членовите на Избирачките одбори, домашните набљудувачи и претставниците на кандидатите.
- Набљудувачите известија за намерно фалсификување на резултатите во 7% од избирачките места. Што е уште поважно , во 7% каде се набљудувало затворањето на гласањето и броењето, набљудувачите биле спречени целосно да ја извршат својата работа.
- Цврсти индикации за преполнување на гласачки кутии – драстично поголем број на издадени гласачки ливчиња во споредба со потписите во гласачкиот список или цели купчиња гласачки ливчиња заедно преклопени во гласачката кутија– беа пријавени во значителен број (4%) од сите набљудуваните избирачки места.
На изборите во 2014 година немаше забележано никаков физички инцидент, групно заплашување ниту вооружени лица, никакво полнење на кутии ниту фалсификување на ливчиња, сепак СДСМ не ги призна овие избори.
Еве дел од оценките од меѓународниот фактор за иброите во 2014 кои СДСМ не ги признава за демократски.
САД: Изборите во Македонија спроведени уредно и професионално
Им честитаме на граѓаните на Македонија за исполнувањето на нивното право на глас на претседателските и парламентарните избори. Ја повторуваме првичната оценка на ОБСЕ дека изборите беа спроведени на уреден и професионален начин, со некои технички неправилности, изјави Џен Псаки, портпаролка на американскиот Стејт департмент.
Канцеларија на ЕУ
– Ние ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.