| четврток, 6 декември 2018 |

Јаја Туре: Прво ќе освојам Лига на шампиони, па ќе си одам од Сити

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити Јаја Туре вели дека се надева дека следната сезона ќе го освојат трофејот од Лигата на шампиони и на најубав начин да се прости од дресот на „граѓаните“.

Сити оваа сезона ја освои Премиерлигата и Лига купот, но неколку години наназад нема успех во најсилното фудбалско натпреварување.

– Следната сезона ќе се обидеме да ги одбраниме трофеите што ги освоивме оваа сезона, но најголемата цел ни е освојување на Лигата на шампиони. По тоа ќе го напуштам клубот на најдобар можен начин – изјави Јаја Туре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top