| четврток, 6 декември 2018 |

Капетанот на потонатиот јужнокорејски траект се соочува со смртна казна

SKOREA-ACCIDENT-BOAT

Капетанот на потонатиот јужнокорејски траект Ли Џун сеока (68) заработил кривична пријава за убиство од небрежност, јави агенцијата „Јонхап“.

Тој ако биде осуден се соочува со смрта казна. Обвинението го товари за напуштање на бродот за време на трагедијата откако претходно издал наредба на патниците, кои претежно биле средношколци што оделе на излет, да не ги напуштаат кабините.

Траектот потона на рутинска пловидба на 16 април со 476 патници и членови на екипажот од кои 281 загинаа, а 23 сè уште се водат како исчезнати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top