| четврток, 6 декември 2018 |

Севилја е новиот победник во Лигата на Европа

По деведесет минути игра во финалето на Лига Европа екипите на Севиља и Бенфика одиграа 0:0 и победникот беше одлучен на пенали.

И покрај големиот број шанси двете екипи не успеаа да постигнат гол и по продолжението од двапати по 15 минути во Торино се шутираа пенали.

Лима ја отвори серијата пенали за Бенфика по што Бето беше немоќен.

Бака со удар под пречката изедначи на 1:1

Севиља дојде до предност по лошиот удар на Кардозо чиј удар Бето го фати со крајни напори.

Бија со силен удар во горниот горен агол ја донесе во водство Севилја.

Следуваше удар на Родриго кој со лош удар кој го одбрани Бето ја донесе Севилја пред голема победа.

Во третата серија Коке ја доведе Севилја до водство од 3:1.

Луизао ги зачува надежите за Бенфика која намали на 3:2

Со голот на Гамерио завршија надежите на Португалците дека можат во своето десетто европско финале да дојдат до титула.

За Севиља ова е трета победа во Лигата на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top