| четврток, 6 декември 2018 |

Руските либерали бараат да се казнува употребата на странски зборови

Пратеници од Либерално-демократската партија на Русија на чело со лидерот Владимир Жириновски, поднесоа денеска во Државната дума предлог-закон што предвидува казни до 50.000 рубљи (1.240 евра) за несоодветно користење странски зборови

102484738

Либералите планираат да го дополнат рускиот кодекс за административни правни нарушувања со нова точка – „нарушување на нормите на современиот руски јазик при негово користење како државен јазик на Руската Федерација“.

Измените вклучуваат казни, поконкретно за користење странски зборови и изрази „несоодветни“ на тие норми, ако за нив има „соодветни зборови во рускиот литературен јазик“, кога „јавно се распространува информација на државниот јазик на Руската Федерација“.

Согласно предлог-законот, глобите за граѓани започнуваат од 2.000 рубљи (под 50 евра), се зголемуваат за нарушители – официјални лица, и достигнуваат до 50.000 рубљи за правни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top