Во Русија в недела ќе се одржат избори за 450 пратеници во долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, на кои се очекува убедлива победа на партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин.
Како што јави „Раша тудеј“, паралелно со парламентраните, ќе се одржат и избори за органите на регионалните и локалните власти. Право на глас на овие зибори имаа околу 112 милиони Руси.
Во согласност со новиот изборен закон, половина од пратениците во Думата ќе се избираат според мнозински модел, а половина според пропорционелен изборен систем.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека и покрај падот на популарниста, владејачката партија Единстевна Русија речиси сигурно ќе освои апослутно мнозинство во Државната дума, имајќи предвид дека ужива поддшка на меѓу 41 и 43 отсто од Русите.
Покрај десноцентристичката Единствена Русија, на изборите учествуваа уште 13 партии, од кои само три имаат популарност поголема од пет отсто националистичката Либерално демократска партија (ЛДП) меѓу 10 и 12 отсто , Комуниситичката партија на Руската Федерација (КПРД) меѓу 7,5 и 9 проценти и социјалдемократската партија Праведна Русија (СП) меѓу 5 и 6,3 отсто. Поддршката на сите други партии е под еден отсто.
Во пресрет на изборите Путин вчера ги повика Русите масовно да излезат на гласање.
– Ве повикувам на гласачките места, изразете ги своите ставови. Без оглед на нашите политички мислења, учеството на избори е граѓанска должност на сите нас, израз на нашите искрени чувства кон татковината и грижата за иднината. Изберете, гласајте за Русија, истакна Путин во телевизиската порака.
Руските власти годинава дозволија да се кандидираат поголем број опозициски кандидати, обидувајќи се да ја подобрат сликата за демократијата по масовните протести од 2011 година поради изборните нерегуларности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
За Русија сме и ќе бидеме Република Македонија