| четврток, 6 декември 2018 |

Апсурден закон: Русија го легализира семејното насилство

Законот кој што го одобрува семејното налство го мина првиот круг од гласањето во руската Дума со 368 гласови „за“. Само еден пратеник гласал против овој контроверзен закон.

Владата на Руската Федерација направи голем чекор кон декриминализација на семејното насилство. Нацрт законот кој што го направи овој облик на злоупотреба практично легален го мина првиот круг од гласањето во руската Дума со 368 гласови „за“, еден против, а еден пратеник бил отсутен.

Доколку нацртот го помине и вториот круг од гласањето, семејното насилство во Русија ќе биде кривично дело само ако се докаже дека е „акт на хулиганизам“ или дека е „произлезено од омраза“. Освен тоа, доколку дојде до насилство меѓу сопружниците, или две лица во крвно сродство, ќе станува збор за кривично дело само ако прекршокот е направен „два или повеќе пати во текот на една година“.

Во останатите случаи, сторителот ќе биде казнет со прекршочна пријава за која што е предвидена казна од 30 илјади рубли, 10 до 15 дена затворска казна или 60 до 120 часа принудна работа.

semejno nasilstvo

Според официјалние статистики на руската влада, околу 40 проценти од сите насилни злосторства во државата се сторени во семејствата, што го поставува прашањето, кој би предложил закон кој што на пример, претепувањето на сопругата го прави помал злочин? Одговорот е – Јелина Мизулина.

Оваа пратеничка го предложи законот уште во јули минатата година: „Насилството над семејството треба да биде административен престап“, изјави таа и порача: „Не сакаме луѓето да минат две години зад решетки и до крајот на животот да бидат обележани како криминалци поради една шлаканица“.

Мизулина исто така е голем заговорник и поддржувач на законот за „Геј пропаганда“ кој што забранува делење на материјали кои што ги изедначуваат геј и стрејт односите, или ги промовира правата на ЛГБТ популацијата.

ruska duma

Како претседавач на Комитетот за семејство при руската Дума, Мизулина пронајде сојузик во Руската православна црква која што во јули издаде соопштение во кое што е наведео дека „ако е разумно и направено со љубов, казнувањето суштински претставува право на родителите дадено од Бог“.

Доколку законот биде изгласан во вториот круг, тоа ќе биде Думата, а не Господ кој што дава „суштинско право“ да се претепа жената, а притоа сопругот да не сноси кривична одговорност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top