Кој има некое бактериско воспаление добива антибиотик. Но, многу често тие лекови повеќе не делуваат. Бактериите многу брзо развиваат одбранбени механизми против тие материи. Антибиотиците се материи кои ги убиваат бактериите или спречуваат нивно понатамошно размножување.
Многу лекови се материи кои веќе постојат во природата, на пример пеницилинот. Него го создаваат некои габи за да се заштитат од бактерии. Други антибиотици се создадени во лабораторија или хемиски се променети за да се подобри нивното делување, пишува „Дојче веле“.
Како делуваат антибиотиците?
Пеницилините ја напаѓаат страничната мембрана на бактериите. Со оштетена странична мембрана бактериите не можат да преживеат и буквално пукаат. Други лекови на пример спречуваат тие едноклеточни животни да произведуваат белковини
кои им се потребни за живот. Или ги блокираат транспортните механизми во страничната мембрана така доаѓа до пореметување на природната рамнотежа на тие клетки. Некои антибиотици спречуваат размножување на бактериите. Веќе постоечките бактерии изумираат по некое време, а нови не можат да настанат.
Бактериите стануваат отпорни на антибиотици
Бактериите се размножуваат многу брзо и затоа можат брзо да се прилагодат на новите услови и новите опасности. Таква опасност за нив се антибиотиците. Бактериите прават се што е можно за да развијат одбранбени механизми против материи кои за нив се штетни. На пример, промените на генетските особини можат да им овозможат создавање на нови, за нив корисни белковини. А тие го разбиваат молекулот на антибиотикот и го прават безопасен. Или, бактериите ја променуваат својата странична мембрана така антибиотикот не може да продре во внатрешноста на клетката. Бактериите често ја менуваат и структурата во сопствената клетка на која се врзува антибиотикот. На пример, тие создаваат нова белковина која има иста функција во клетката, но не е чувствителна на делувањето на антибиотикот.
Се повеќе отпорни бактерии
Ако бактеријата пронашла начин да се справи со антибиотикот, таа особина генетски ја пренесува на сите свои потомци. А бактериите можат генетските особини да ги разменуваат и со најобичен меѓусебен допир. Така отпорноста на некоја материја многу брзо се шири. Често бактериите истовремено се отпорни на повеќе видови антибиотици.
На пример, проблематична е бактеријата staphylococcus aureus, отпорна на метицилин (MRSA). Таа е отпорна на многу расположливи антибиотици. Германското здружение за хигиена во болниците оценува дека секоја година во Германија од последици од зараза од MRSA бактеријата, умираат над 5.000 луѓе. За да се намали опторноста на бактериите на антиботиците важно е да не се земаат често антибиотици, туку само кога е крајно потребно.
А кога се примаат антибиотици никогаш не смее прерано да се прекине дозата. Во случај на потреба, лекарите имаат резервни антибиотици кои ги употребуваат само во критични случаи. Поради ретко користење, бактериите не можеле да развијат одбранбени механизми против тие антибиотици. Постојаните истражувања треба да спречат исчезнување на делотворните антибиотици.
Постојаното развивање на нови лекови кои бактериите не ги познаваат, е единствена можност долгорочно да се делува против отпорноста на бактериите на антибиотиците и да се победи во трката со тие причинители на болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.