| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски уште на 24 април порача: За ВМРО ДПМНЕ идеално е Зоран Заев да остане претседател на СДСМ

gruevskizaev

Останувањето на Зоран Заев на лидерската позиција на СДСМ е идеална комбинација за владејачката партија. Ваква оценка даде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, уште пред изборите, во својот говор на митингот одржан во Кочани на 24-ти април. Тогаш Груевски, најавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, дека немало да си поднесе оставка од функцијата прв човек на најголемата опозициска партија ја оцени како позитивна вест за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што нагласи, и да барале подобар противник од Заев, не можеле да најдат.

-Убавата вест во внатрешната политика, барем за нас во ВМРО-ДПМНЕ, незнам дали за сите во Македонија е дека Заев објави дека нема да си дал оставка во недела вечер, ќе останел претседател на СДСМ. Петка. Браво. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, тоа е идеално. Не може да биде подобро. Јас му посакувам многу здравје и долг живот, и подолго да е претседател на СДСМ, рече Груевски на митнгот во Кочани на 24-ти април.

Зоран Заев остана претседател на СДСМ и покрај дебаклот на предвремените парламентарни и избори. На партискиот Конгрес во неделата, поддршка на Заев му дадоа 413 делегати, додека за негова смена гласале 176.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top