| четврток, 6 декември 2018 |

Како СДСМ за 10 години целосно ги промени изборните стандарди?

 

За само десет години опозицискиот СДСМ комплетно ги промени своите стандарди за изборниот процес. Иако странските набљудувачи никаде по последните избори не споменаа големи нерегуларности социјалдемократите  не ги признаваат резултатите според кои тие го доживеаа еден од своите најголеми порази досега.

За разлика од сега 2004та година СДСМ прифати криминални избори во кои имаше сериозни прекршувања на законите а истите беа прецизно нотирани во извештајот на ОБСЕ.

Генералнта оценка на ОБСЕ/ОДИХР по овие избори е дека Избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурите за гласање, а кандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања, додека слободите на собирање и здржување биле почитувани. Споредбата на изборите кога претседател стана Бранко Црвенковски покажува дека Македонија за 10 години остварила значителен демократски напредок

Тогаш и покрај извештаите на странските набљудувачи за полнење кутии, заплашување, тензии, вишок на гласачи не беа пречка СДСМ да ги признае за демократски и фер

Во извештајот на ОБСЕ ОДИХР публикуван во 2004 та година посветен на претседателските избори кои СДСМ ги прогласи за фер и демократски има десетина сериозни законски прекршувања но водејќи се од двојните стандарди тогаш владеачката партија не ги оспори.

 

 

  • Неправилностите на денот на изборите , на некои места, а особено во текот на вториот круг , фрлаат сенка на целиот процес
  • Набљудувачката мисија на изборите на ОБСЕ/ОДИХР увиде инциденти на гласање за други лица , полнење на гласачки кутии и заплашување, што беше поочигледно во текот на вториот круг од гласањето
  • Тензиите и неправилностите што се случуваа во текот на вториот круг можеби беа поттикнати од условот повеќе од половина од регистрираните гласачи да го дадат својот глас за изборите  да бидат успешни.
  • ДИК делуваше неконзистентно за да ја донесе потребната регулатива за да се разјасни правната рамка, како на пример во врска со замената на несоодветните формулари
  • Вишокот имиња во Гласачкиот список создаде загриженост во врска со можноста за евентуална изборна измама, и ги зголеми потешкотиите за постигнување на потребниот одзив на регистрирани гласачи во текот на вториот круг. Овој вишок се смета за голем, во споредба со бројката на вистинското предвидено население од Пописот од 2002г .
  • Во текот на вториот круг ,  набљудувачите известуваа за релативно голем број на случаи каде постоеле докази за полнење на гласачките кутии, и исто така слични случаи каде постоеле идентични потписи на Гласачкиот список.  Исто така постоеше и висок процент на случаи на заплашување на и околу гласачките места во одредени области–  насочено кон гласачите ,  официјалните лица за спроведување на изборите, па дури и кон набљудувачите
  • Процесот на пребројување на гласовите во текот на вториот круг беше оценет како лош и мошне лош во 21%  од набљудуваните гласачки места
  • Приговорите од првиот круг на гласање беа на брз начин отфрлани од страна на ДИК според мошне ригидни критериуми. Приговорите од вториот круг беа отфрлени од страна на ДИК на сличен начин

Тогаш ОБСЕ /ОДИХР порача и дека ДИК ја испушти шансата да испрати силна порака дека нема да се толерираат изборни неправилности во текот на вториот изборен круг                                                                                                                                                                               

Ако на овие забелешки на ОБСЕ се додаде и фактот што во тој период СДСМ имаше контрола на најголемиот дел од македонските медиуми ќе се дојде до ситуација која беше неколкукратно полоша од таа што сега се обидува да ја прикаже СДСМ но тоа за тогашното раководство од кое најголем дел сеуште е активно во партијата не беше причина да ги бојкотира резултатите од изборите на кој победи нивниот претседател Бранко Црвенковски. 

Во овој контекст важно е да се каже и дека во 2004 година СДСМ не прифати ниту едно од барањата на тогашната опозиција ВМРО – ДПМНЕ за промена на изборните законик за разлика од сега кога власта ги прифати сите барања на опозицијата, вклучително и срамното боење на палците на гласачите какво што нема ниту во најмалку развиените земји во Африка. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top