| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Словенец осомничен за местење натревари

Словенечки државјанин е уапсен на аеродромот во Милано под сомнение дека учествувал во местење фудбалски натпревари.

Италијанските медиуми информираат дека Адмир Сулиќ е уапсен веднаш по слетувањето на авионот од Сингапур, а се барал преку Интерпол со меѓународна потерница издадена од властите во италијанскиот град Кремона под сомнение дека е поврзан со организирана мрежа за местење фудбалски натпревари. Сулиќ се смета како главна алка во голема афера на ФИФА за местење натпревари во која веќе се уапсени педесет луѓе, а 150 се под истрага. Тој бил недостапен за италијанската полиција од 2011 година. Истрагата утврдила дека тој одреден период минал во Сингапур каде што нашол прибежиште. Истражителите упатиле забелешки до властите во оваа земја дека им дозволуваат на осомничени местачи да се засолнуваат од правдата, но сепак апсењето следувало откако сингапурската полиција ги известила италијаските колеги дека Сулиќ е на пат за Милано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top