| четврток, 6 декември 2018 |

Напнато во Кан: „Грејс од Монако“ го отвора Фестивалот, за семејството филмот не смеел да биде снимен

Еден ден пред почетокот на Филмскиот фестивал во Кан се повеќе се заострува полемиката околу филмот „Грејс од Монако“, кој треба да го отвори годинешното издание на манифестацијата. Кнежевското семејство Грималди кое владее со Монако, веќе најави дека ќе го бојкотира филмот кој говори за животот на принцезата Грејс која загина во 1982 година во сообраќајна несреќа.

Нејзините деца принцот Алчберт и неговите сестри карилина и Стефани сметаат дека ова остварување кое утре ќе биде прикажано во Кан, надвор од конкуренција, „се базира на лажни историски и сомнителни литерарни премиси“.

A2ED900B4F4F1047AF148AF0E18D70AC

Во изјавата за весникот „Нис матен“ принцезата Стефани, помладата сестра бесно истакнува дека „тој филм не смеел никога да биде снимен“ и дека таа сигурно нема да го гледа.

-Тој филм не претставува фалба за Монако, ниту за еден голем човек каков што беше татко ми, Принцот Рение, наведува Стефани, апелирајќи на фотографите да го игнорираат црвениот килим во пресрет на проекцијата. Обвинетата страна, пак се труди да ги смири страстите.

Австралиската актерка Никол Кидман, која ја игра насловната улога, на британскиот „Дејли мејл“ му изјавила: “Знам дека се лути. И јас би била доколку стануваше збор за мојата мајка. Должност на децата е да ги бранат родителите. Оттаму, го сфаќаме нивното незадоволство. Не можам ништо друго да речам освен дека имам големо почитување и воодушевување кон нивната мајка. Филмот нема намера да биде биографски. Многу внимавав да прифатам и да испочитувам се она што е реално и вистинито во таа приказна.“

Францускиот режисер Оливие Даан изјави дека е „навреден“ од нападите на семејството Грималди. Тој потсети дека никогаш не претендирал да сними биографија за Грејс Кели.

-Нема ништо спектакуларно ниту бомбастично во мојот филм. Ништо за што би требало да се прави драма, објаснува режисерот за еден француски весник. Постојат вистинити и фиктивни настани. Јас сум уметник, а не историчар, истакнува тој наведувајќи дека има „право на фикција“.

Грејс Кели беше американска актерка која со свадбата со кнезот Рение III во април 1956 година стана принцеза Грејс од Монако. Таа се смета за една од најголемите икони на филмската уметност и модата на сите времиња. Оскар за најдобра женска улога добиO во 1955 година за улогата во драмата „Провинцијалка“. Таа беше позната и како муза на британскиот режисер Алфред Хичкок, со кој ги сними филмовите „Повикај го М за убиство“, „Прозорец во дворот“ и „Фатете го крадецот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top