| четврток, 6 декември 2018 |

Фијат Цаноски се повлекува од политиката

Лидерот на ПЕИ, Фијат Цаноски, во писмено соопштение ја информираше јавноста дека се повлекува од политиката.

fiat canovski sajt

– Јас, Фијат Цаноски, сакам да ја информирам домашната и севкупната јавност дека се повлекувам од функцијата пПретседател на Партијата за европска иднина, а воедно и од политичката сцена во Република Македонија. Одлуката ја носам како морален чин, а е израз на лошите изборни резултати што Партијата за европска иднина ги постигна на последните парламентарни избори. Сакам да им се заблагодарам на сите досегашни подржувачи на политиките кои како лидер на Партијата за европска иднина ги имам водено во изминатиот период  и да им посакам многу успех во нивниот  приватен и деловен живот – стои во соопштението.

До свикување на наредниот конгрес, со Партијата за европска иднина ќе раководат партиските тела и органи, во согласност со статутот на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top