Фудбалската федерација на Македонија конечно направи вистински потег со тоа што ги понуди во спакуван видео материјал сите голови од прволигашките терени во Македонија од 32. коло, а стрелците беа расположени и постигнаа неколку велемајсторски голови.
Особено се истакна напаѓачот на Македонија Ѓорче Петров, Филип Колечески со гол-убавец од полуволеј во стилот на Марко Ван Бастен. Вистински еврогол постигна и шпицот на Вардар, Филип Ивановски, а за уживање за публиката во Тетово и во Гостивар се потрудија Рамадани со прекрасен погодок за Ренова, односно Бељули кој постигна два убави гола за Гостивар.
Погледнете ги сите голови од 32. претпоследна рунда во македонската Прва Лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)