| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Останувам во Металург!

По најавите за негово заминување од идниот шампион на Макеоднија, Металург, хрватскиот ракометен стратег Лино Червар за спортскиот портал екипа изјави дека во последното интервју дадено за хрватскиот весник „Јутарњи лист“ е извадено од контекст дека си заминува од тимот од Автокоманда.

– Тоа се обични шпекулации, изјава што беше извадена од контекст и потоа предизвика бура од реакции. За повеќе да се чита, мора да е жолт печат, токму тоа беше случај и со моето последно интервју за хрватските медиуми. Сепак, можам да кажам дека најавите за мое заминување од Металург се апсолутно неточни, јас сум среќен овде и веќе го планирам тимот за следната натпреварувачка сезона – изјави Червар.

По шпекулациите дека Игор Вори се поврзува со доаѓање во Металург од ПСЖ, Червар и тоа го демантираше.

– Не знам од каде излезе таква информација дека Вори ќе се пресели во Скопје. Точно е дека веќе се почнати преговори со неколку потенцијални засилувања за следната сезона, но Игор Вори не е меѓу нив – додаде Червар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top