Најмалку четворица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската пумпа „Мики петрол“ на патот Штип – Велес.
Од штипската болница за МИА информираат дека кај нив се донесени четири повредени лица во несреќата, а од полицијата најавуваат повеќе детали во текот на денот.
Поради тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Штип – Велес, во прекин е сообраќајот М5 во делот од овчеполска раскрсница до Сарамзалино.
Во моментот се врши увид од сообраќајната полиција и се очекува нормализирање на сообраќајот за еден до два часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.