Проруските сепаратистички лидери во Донецк и во Луганск денеска прогласија независност на т.н. Донецка Народна Република и на т.н. Луганска Народна Република од Украина.
„Народниот гувернер“ на Луганската Област, Валериј Болотов, попладнево на минтинг во Луганск објави независност на самопрогласената „Луганска Народна Република“.
Како што јави ИТАР-ТАСС, Болотов рече дека на вчерашниот референдум мнозинството од жителите на Луганск „го избрале патот на независност од самоволието и крвавиот диктат на киевската хунта, од фашизмот и од национализмот“.
– Луѓето го избраа патот на слободата и патот на почитувањето на законот. За „Луганската Народна Република“ од моментот на прогласувањето на нејзината независнот почнува нов живот без диктат на киевската власт – дополни Болотов.
Малку пред тоа, на прес-конференција во Донецк првиот човек на „Донецката Народна Република“, Денис Пушилин, изјави дека оваа самопрогласена творба е „независна“.
Тој нагласи дека не планира да свика нов референдум за присоединување на регионот на Донецк кон Русија, туку дека ќе побара од Москва да ја апсорбира „Донецката Народна Република“.
Во регионите на Донецк и Луганск вчера се одржаа референдуми на кои, според податоците на проруските сепаратисти, кои го организираа изјаснувањето, огромно мнозинство од жителите се изјасниле за самоопределување.
Според комисијата во Донецк, за самоуправа се изјасниле 89 проценти од гласачите, додека десет отсто биле против. Во Луганск, пак, 96 проценти биле за, а нешто над три отсто се изјасниле против.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Лидерот на проруските бунтовници убиен во експлозија во Украина (видео)
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија