| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на АЕК во посета на Јапонија

robert-ordanovski1

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски како потпретседател на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) од денеска до петок ќе престојува во посета на Јапонија.

Посетата е финансирана и организирана во рамки на меѓународната соработка на BEREC со регулатори и индустријата за електронски комуникации од развиени држави во светот.

Најавено е присуство на експерти и директори на регулатори за комуникации од повеќе држави.

За време на неколкудневниот престој во Токио планирано е да бидат остварени средби со Министерството за внатрешни работи и комуникации на Јапонија со кои ќе се разговара за модерните начини за регулација на пазарите за електронски комуникации, за ситуацијата на пазарите за електронски комуникации и за последните технички и технолошки трендови. Покрај ова ќе бидат остварени средби и со претставници на Сони ериксон, Нисан Моторс, Софтбанк, Нипон телеграф и телефон корпорација и КДДИ корпорација со кои ќе се разговара за новите софистицирани производи и за нивните планови за развој и можности за инвестирање надвор од Јапонија.

Од Агенцијата за електронски комуникации оценуваат дека ваквите средби се значајни, особено во овој период кога се создава новата европска регулативна рамка во која активно учествува и Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top