Косово е со најголем процент на невеработени во Европа. Ова го потврдува извештајот на Светска банка, во кој стои дека невработеноста во ова земја е 40 отсто, наспроти тврдењето на Заводот за статистика на Косово дека нивото на невработеност е 30,9 отсто.
Кај машката популација, според Светска банка, невработеноста е 28,1 проценти, додека кај женската 40 отсто, додека нивото на невработенсот кај младата популација на возраст до 24 години е 55,3 отсто.
Економските експерти сметаат дека држава во која невработеноста е околу 43 отсто треба многу повеќе да се загрижи зашто не може да се има политичка ако се нема социјална стабилност.
Од Министерството на труд велат дека невработеноста претставува еден од најгорливите проблеми во земјата и потврдуваат дека точна бројка на невработени нема, но нивото се движи од 30 до 35 отсто.
– Според наша оценка, нивото на невработеност се движи од 30 до 35 отсто, не повеќе иако се шпекулира дека тоа е 45 отсто и повеќе. Сметам дека не е драстично, но имаме проблем со невработеноста на голем број лица кои бараат работа – вели Берта Лужа, портпаролка на Министертвото за труд и социјална благосостојба.
Таа признава дека поради големата невработеност, присутна е тенденцијата на напуштање на Косово и заминување во некоја од западноевропските земји и САД за обезбедување подобар живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации