| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова го освои Мадрид

Русинката Марија Шарапова го освои турнирот на ВТА во Мадрид, кој се играше за награден фонд од 4.236.425 долари, откако со пресврт ја совлада Романката Симона Халеп со 2-1, по сетови 1-6, 6-2, 6-3.

Иако Романката убедливо го доби првиот сет, Шарапова вториот сет успеа да го врати со иста мера, додека во третиот за кратко време направи предност и така дојде до третиот триумф против Халеп.

За триумфот Шарапова доби плус 1.000 ВТА-поени и  700.000 долари. Ова е втор освоен турнир за Русинката оваа сезона, а 31. во нејзината кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top