Кеи Нишикори не успеа да направи големо изненадување и да го совлада Рафаел Надал во финалето на Мастерсот во Мадрид иако се наоѓаше на чекор до победа.
На крајот Јапонецот, поради повреда на грбот која ја заработи на мечот со Ферер, при резултат 1-1 по сетови (2-6, 6-4, 3-0), мораше да му го продаде мечот на Шпанецот, кој така дојде до трет триумф во сезоната и до 63. титула.
Нишикори, покрај сет предност, имаше и брејк повеќе во вториот сет и се наоѓаше на чекор од сензација и освојување на првиот трофеј на турнирите од мастерс-серијата.
Надал за триумфот во Мадрид доби 1.000 поени на АТП-листата и парична награда од 698.720 евра, додека Нишикори мораше да се задоволи со 600 бода и 342.600 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.