И покрај тоа што цел ден на конгресот на СДСМ владее жешка атмосфера, во која често се бараше Заев да поднесе оставка, партијата соопшти дека извештајот за изборите е изгласан – едногласно.
„Конгресот на СДСМ едногласно го усвои извештајот за претседателските и парламентарните избори 2014 година.
Со одлуката, највисокото тело на СДСМ едногласно ги потврди одлуките на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници. Конгресот на СДСМ застана зад оценката за нерегуларни избори и системски грабеж на изборите од страна на режимската власт на Никола Груевски.
Со вечерашната одлука Кконгресот поддржа продолжување на активностите на СДСМ кон создавање услови за спроведување фер и демократски избори и функционални институции коишто неселективно ќе се справуваат со криминалот и корупцијата во Македонија, посебно кога доаѓаат директно од врвот на власта“, стои во соопштението на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


