| четврток, 6 декември 2018 |

Судири на конгресот на СДСМ- Десковска отворно против Георгиев

silegov i deskovska (Custom)На конгресот на СДСМ Рената Десковска од говорница му реплицирала на Гордан Георгиев, анализирајќи го односот Заев- Георгиев:

-Изненадена сум, Зоран Заев ти понудил да бидеш потпретседател- има ли поголем доказ за подавање рака од страна на лидерот?- ја пренесе Новатв.

Десковска, која беше ностел на листата во изборната единица, побарала да се стави крај на суетите и личните интереси, затоа што, како што рекла, денеска СДСМ го одредува патот на натамошното дејствување , а дека се потребни и Зоран Заев, и Радмила Шеќеринска, но и Бранко Црвенковски.

Екс-потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, на Конгресот на оваа партија каде подоцна следува и гласање за двоецот Заев- Шеќеринска, но и за целото раководство, експлицитно побара оставка од првите луѓе на партијата.

Есад Рахиќ претходно пак, најавил дека, доколку Заев остане на функцијата претседател на СДСМ, по завршувањето на конгресот ќе си даде оставка од Централниот одбор на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top