Според портпаролот на партијата Петре Пилегов, атмосферата на когресот на СДСМ, кој започна во 11 часот и се очекува да заврши доцна во ноќта, е демократска и фер.
– Околу 23 дискутанти дадоа целосна поддршка на актуелното раководство, седум беа против. Досега 18 општински организации на СДСМ на ниво на извршни одбори недвосмислено изгласале доверба на сегашното раководство. Атмосферата е демократска, фер, дискусиите се темелни. Делегатите имаа можност во целост да си го искажат своето мислење, и оние кои се за останување на актуелното раководство и оние кои имаат намера да гласаат за недоверба на раководството- изјави Шилегов.
Од 707 делегати на конгресот, според информациите од опозициската партија, присутни се 590. Гласањето, кое најверојатно ќе се одржи доцна вечерва, ќе биде тајно. За да им биде изгласана доверба на лидерот на СДСМ Зоран Заев и на потпретседателката Радмила Шеќеринска потребно е тие да добијат мнозинство гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


