„Ставање на транслицето Кончита Вурст во домен ан бизарност, циркус, фрик шоу и чудење кога ќе добие максимален број на бодови е недопустливо“, порачаа од ГЛИЦ центарот од Србија и побараа извинување од српскиот јавен сервис. Во меѓувреме се заканија и со тужба до телото за заштита на рамноправноста како и претставка до Агенцијата за радиодифузија, заради дискриминација на ЛГБТ популацијата.
И хрватскиот сервис ХРТ скандалозно го пренесувал евросонгот, јавуваат медиумите. Долгогодишниот шеф на на делегацијата имал низа хомофобични и нетолерантни коментари на сметка на австрискиот претставник со уметничлко име Кончита Вурст (Кобасица). Меѓу другите коментари се истакнуваат овие „ Вурст не значи тоа што вие мислите“, „Уште да ја избричат- довидување Дана Интернешанл“, „Фантастична песна, виток став, одличен настап…единствено што не се избричил“. Се додава дека имало и коментари и за претставниците на Холандија и на Уклраина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


