| четврток, 6 декември 2018 |

Гордан Георгиев побара оставка од Заев: Не сум бранковист, зборувам со чиста совест

Gordan-Georgiev

Екс-потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, на Конгресот на оваа партија каде подоцна следува и гласање за двоецот Заев- Шеќеринска, но и за целото раководство, експлицитно побара оставка од првите луѓе на партијата.

– Не сум бранковист, зборувам со чиста совест. Сега СДСМ е жив мртовец. СДСМ избега од идеолошката матрица. Не може политиката да ја прават само тројца луѓе, Заев прави концепт во кој ни тој не верува.

Есад Рахиќ претходно пак, најавил дека, доколку Заев остане на функцијата претседател на СДСМ, по завршувањето на конгресот ќе си даде оставка од Централниот одбор на партијата.

Извор: Нова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top