| четврток, 6 декември 2018 |

Австрискиот министер за култура: На Евровизија победи Европа, толеранцијата и почитта

Grand Final - 59th Eurovision Song ContestАвстрискиот министер за култура Јозеф Остермајер изрази задоволство од победата на Австрија, но и победата на Европа по, како што рече, прашањето на толеранцијата и почитта.
Final - 59th Eurovision Song Contest
Австрија синоќа победи на Евровизија, а зедмјата ја претставуваше Кончита Вурст, мажот со фустан и брада.

Со уметничкото презиме Вурст, што на австриски значи „сеедно“ сака да укаже дека важен е човекот, не неговиот пол.Името Кончита го избрал во знак на почит на пријателка од Латинска Америка, а одлуката да настапува како жена со брада ја донел бидејќи секогаш бул соочен со дискриминација.
Grand Final - 59th Eurovision Song Contest

За себе вели дека е полово неутрален и дека не му паѓа на памет да се избричи.

-Јас не сум жена. Всушност дома сум еден мрзлив маж. Ликот кој го толкувам е осмислен наменски. Сакам на сите да им покажам дека се е можно кога во нешто верувате – вели Кончита.
Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top