| четврток, 6 декември 2018 |

Савова и Шема без право на глас

natasa savova 3

Игор Ивановски и Наташа Савова се двајца од вкупно шеснаесетте поранешни пратеници кои нема да бидат во можност да гласаат за доверба на раководството на СДСМ на денешниот Конгрес.

Тие досега учествуваа во работата на највисокиот партиски орган врз основа на одредбите од Статутот на СДСМ, според кој Конгресот како делегати го сочинуваа и членовите на парламентарната група на СДСМ.

На Конгресот делегат ќе биде Горан Минчев (како член на Градската организација на СДСМ), кој заедно со екс-пратениците Ана Павловска-Данева, Јани Макрадули, Андреј Петров и Емилијан Станковиќ важи за движечка сила на заговорниците за смена на актуелното раководство за што дел од нив и јавно се декларираат на социјалните мрежи и лобираат меѓу делегатите.

igor-ivanovski

Освен Савова и Ивановски, со оглед дека Стојко Пауновски,Горан Сугарески, Миле Андонов, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Менде Диневски, Станка Анастасова, Цветанка Иванова, Билјана Казанџиска, Борче Ставрев, Дивна Јовковска, Голупчо Ангелов, Саве Марачков и Светлана Вучетиќ од вчера и формално не се пратеници, ниту пак се членови на некој од органите на партијата од кои се црпи листата на делегати, тие нема да учествуваат во работата на Конгресот.

pendarovski sdsm kongres

Во својство на делегати, на Конгресот право на глас ќе немаат ниту пратениците што одбија да го прифатат мандатот со оглед дека тие, според ставот на партијата, не се членови на парламентарната група на СДСМ.

Делегатискиот состав што ќе одлучува по прашањето за доверба е избран во 2011 година и, според информациите, брои  727 членови.

Конгрес во овој состав го избра и Заев за лидер, во јуни минатата година, кога за него гласаа 395 делегати наспроти 137 за Зоран Јовановски.

Денешниот, како што се нарекува отчетен Конгрес, одлуката за (не) доверба на досегашното раководство треба да ја донесат мнозинството од присутните делегати, под услов тоа мнозинство да не е помало од една третина од вкупниот врој делегати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top