
Унгарија ќе ги штити своите права во ЕУ и бара автономија за етничките Унгарци што живеат во соседните земји и во Украина. Ова го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера беше реизбран на премиерската функција.
„Ние сметаме дека унгарското прашање е и европско прашање. Унгарците имаат права на двојно државјанство, на етнички права и на автономија“, порача Орбан, нагласувајќи дека етничките Унгарци ги поддржуваат неговите политики за „обединување на нацијата надвор од границите“.
Во 2010 година унгарската Влада донесе одлука за доделување на унгарски државјанства на сите Унгарци што живеат во соседните земји. Големи заедници на Унгарците живеат во Романија, Словачка, Украина и Србија. Орбан никогаш не се залагал за обединување на сите „унгарски територии“ во една држава, но неговата политика кон етничките Унгарци во странство предизвикува вознемиреност кај владите на некои од соседните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија
-
Нов инцидент со новинарката која шутираше мигранти: Добила забрана за пристап во Парламентот


