Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мадрид.
Надал попладнево во полуфиналето го победи својот сонародник Роберто Баутиста со 2-0, во сетови 6:4 и 6:3.
Вечерва во второто полуфинале играат Давид Ферер (Шпанија) и Кеи Нишикори (Јапонија).
На женскиот дел од турнирот утре од 16 часот и 30 минути во завршниот меч ќе се сретнат Марија Шарапова (Русија) и Симона Халеп (Романија).
Русинката денеска ја совлада Агњешка Радванска (Полска) со 6:1 и 6:4, додека Халеп беше поуспешна од чешката тенисерка Петра Квитова со 2-1, по сетови 6:7, 6:6 и 6:2. зс/19:35
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


