
Холивудскиот актер Шон Пен и акгтерката Шарлиз Терон најверојатно ќе се венчаат летово на една од плажите во Малибу.
Пен (58) уште не ја побарал официјално за сопруга убавицата од Јужна Африка, но тоа изгледа не ја попречува двојката, која е заедно пет месеци, да ја планира идната свадба.
Двајцата сакаат да ангажираат посебна фирма која ќе ја организира целата прослава.
– Тие планираат церемонијата да е на плажите во Малибу околу август. На свадбата ќе поканат неколку пријатели и роднини – откри нивни близок пријател.
Актерот веќе има два пропаднати бракови. Во 1985 година тој беше оженет за Мадона, но во 1989 година нивниот брак се распадна. По 11 години тој се венча за актерката Робин Рајт. Од неа Шон има две деца. Сепак, нивниот брак не траеше долго и во 2010 година двајцата најавија разделба.
Шарлиз никогаш не била мажена. Таа имаше долга врска со ирскиот актер Стјуарт Таунсенд. Актерката има еден посвоеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


