| четврток, 6 декември 2018 |

Делчево: Добиле покана за детето да тргне во училиште, а тие знаат дека починала на породување!

delcevo

Една покана за првооделенче, отвори вистинска драма во делчевското село Очипала. Можно ли е да е жива 6-годишната Ана Симовска за која државата испратила покана за прво одделение, а нејзините родители знаат дека таа починала уште при породувањето, објави „Тв Стар“.

Ана е жива, според државата, а родителите го знаат само тоа што им го кажале лекарите дека нивното тукушто родено девојче починало поради срцева мана во болницата во Штип. Таму било испратено од делчевскиот педијатар само неколку часа по раѓањето.

Шест години потоа, откако ја добиле поканата за прво одделение, родителите без проблем извадиле и Уверение за државјанство и Извод од матичната книга на родените на име Ана Симовскаа. Се ова повторно само ги потхрани сомневањата дека малата Ана, која била трето дете во семејството, е жива.

Од СВР Штип информираат дека случајот е пријавен и дека полицијата во соработка со јавниот обвинител се преземаат мерки за негово расветлување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top