Со звуците на фанфарите од „Аида“ и фестивалски оган, кој годинава пламна од рацете на примабалерината Александра Мијалкова, вечерва во Македонската опера и балет започна новото, 42. издание на „Мајските оперски вечери“.
Почетокот го навести премиерата на „Симон Боканегра“, едно од последните дела на Џузепе Верди, кое првпат се поставува кај нас. Директорот Дејан Прошев нагласи дека оваа премиера е дел од традицијата на Вечерите секоја година да се изведува нов оперски наслов. Една од спецификите на годинашното издание на манифестацијата е нагласеното присуство на гостите од Италија, која се смета за татковина на операта.
Со оркестарот и хорот на МОБ на отворањето диригираше маестро Џанлука Мартиненги од Италија, режисер е неговиот сонародник Антонио Kарло де Лучија, сценограф Алесандра Полимено, а костимите се на Александар Ношпал. Нашиот баритон Борис Трајанов е во насловната улога, потоа Весна Ѓиновска-Илкова, Владимир Саздовски, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Андриќ од Србија.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полупразен Антички театар на отворањето на „Охридско лето“ (видео)
-
Вечерва свечено се отвора „Охридско лето“ со извонреден концерт на оперските ѕвезди Мошуц и Братеску во придружба на Македонската филхармонија
-
Најпознатите оперски арии во изведба на Мошук, Братеску и Молдовеану за спектакуларно отворање на „Охридско лето“
-
Со парада на 30 илјади спортисти од 92 држави, отворени најстудените ЗОИ во историјата (фотогалерија)