Александар Васоски ја разбранува заедницата на „Фејсбук“ откако на својот профил со контра му одговори на Филип Миркуловски за вчерашниот пост.
Ракометарот на Металург по победата над Вардар со 30-21, напиша: „Тоа се нашите момци, Ве сакам. Ова со рубљи не се купува“.
Алузијата беше јасна и се однесува на Сергеј Самсоненко, кој е сопственик на РК Вардар и е од Русија.
Денеска со своја објава одговори поранешниот фудбалски репрезентативец Александар Васоски, кој сега е дел од стручниот штаб на ФК Вардар, но беше во исто друштво со Миркуловски, во Металург, но како фудбалски тренер на младинските категори.
„Сум го ценел и почитувал Миркуловски, ама неговата изјава и провокација не му доликува. За што игра тој, за кикиритки?. Тркалото се врти“, е објавата на Васоски што ја разбранува заедницата на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


