| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Ламела, поранешниот европски рекордер во скок во далечина

Поранешниот европски рекордер во скок во далечина, Јаго Ламела, почина вчера на 36-годишна возраст. Шпанскиот ас долго време имаше психички проблеми и страдаше од депресија.

Ламела околу 10 години беше сопственик на европскиот рекорд во оваа атлетска дисцилина, а има две сребра од светските првенства во Маебаши, Јапонија и во Севилја на домашен терен. Тогаш забележа извонредно долги скокови од 8,56 и 8,40 метри и се закити со сребрени медали, зад светскиот првак Иван Педросо од Куба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top