| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ продолжува да демонстрира извитоперени вредности непочитувајќи ги ни живите ни мртвите

9 maj arm fashizam 08 (Custom)

Опозициската СДСМ беше единствената партија која денеска не испрати делегација да положи свежо цвеќе пред споменикот на партизаните пред зградата на Владата. Партијата која сѐ уште не може да се освести од изборниот нокаут не запира со дрското и арогантно однесување и продолжува да тоне сѐ подлабоко во кал.

СДСМ на чело со нејзиниот лидер Заев денеска уште еднаш демонстрираше еден извитоперен систем на вредности, непочитувајќи ги ни живите ни мртвите. Тие кои порано напаѓаа за непочитување на придобивките од антифашистичката борба, денес на споменикот на партизаните пред Владата беа единствените кои не испратија делегација да положи свежо цвеќе. Ги немаше ниту пред спомениците на Ченто, Питу, АСНОМ…

Од само за нив познати причини, социјалдемократите одлучија да не бидат дел од прославата на Денот против фашизмот, ден кога буквално целиот свет се потсетува на ужасите што ги донесе големата војна  пред 7 децении и кога им се оддава почит на сите жртви што ги дадоа животите за слободата на идните генерации.

За разлика од СДСМ, во одбележувањето на 9 мај се приклучија сите субјекти, целиот дипломатски кор во земјава (американскиот, рускиот, украинскиот амбасадор), Сојузот на борци, партии, Град Скопје….

Меѓу тие што положија цвеќе пред споменикот на партизаните беше лично и премиерот Груевски со висока владина делегација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top