Салонот „Матица ексклузив“ продолжи со традицијата покрај промоции во нивниот салон да се одржуваат и изложби од реномирани македонски автори. Вечерва беше отворена изложбата на 35 дела академскиот сликар Владимир Георгиевски.
-Многу ми е драго што токму во овој простор љубителите на уметноста ќе може да ги погледнат моите дела следниве две недели. Сликарството и литературата вечерва се споија во „Матица ексклузив“, како што многу години наназад во Париз првата изложба на уметнички дела беше отворена во книжарница- рече Георгиевски.
Владимир Георгиевски спаѓа во редот на водечките имиња во македонското сликарство. Со својот специфичен ликовен израз побудува голем интерес кај љубителите на уметноста, а критиката неговите дела ги вреднува меѓу најзначајните остварувања во македонската ликовната уметност.
Изложбата ја отвори писателот Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудио визуелни уметности Париз – Скопје -Њујорк.
Фото: Игор Ангеловски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Природонаучниот музеј се отвора изложба на најинтересните карпи, минерали и скапоцени камења од целиот свет
-
На вечерашната „Бела ноќ“ бројни изложби, перформанси, инсталации, концерти…
-
Изложба на Владимир Георгиевски во Париз
-
Музеј на град Скопје: Изложба „Страдањата на Дон Кихот“ од Владимир Георгиевски







