| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана не избори пласман во финалето

Македонија не успеа да се пласира во финалето на „Евровизија“.

Нашата  пејачка енергично на англиски јазик ја исполни песната „To The Sky“, но, за жал, не се најде меѓу десетте финалисти.

Во финалето се најдоа: Швајцарија, Словенија, Полска, Романија, Норвешка, Грција, Малта, Белорусија, Финска, Австрија.

Во големото финале на 10 мај ќе настапат изведувачи со десетте песни со најмногу бодови од двете полуфинални вечери, земјата-домаќин, Данска, како и земјите од големата петорка: Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и Италија.

Билет за настап на големото финале веќе обезбедија Унгарија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Црна Гора, Украина, Русија, Шведска, Холандија и Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top