Една од најпосакуваните жени на светот Анџелина Џоли, не е позната само по своите филмови, туку и по елегантните
тоалети кои сите ги оставаат без здив.
Познато е и дека има бурно минато, но и фотографиите кои се појавија на интернет на кои му позира на фотографот Марсел Индику, покажуваат дека мајката на шест деца знае да позира како вистинска манекенка – облечена во минич и тогаш популарните чевли со платформа.
Фотографиите се појавија во 1995 година кога Џоли имала 20 години, после снимањето на филмот „Hackers“, каде го запозна
својот прв сопруг Џони Ли Милер. Освен тоа, се појави и виде во кое убавата Анџелина на своите 17 години позира во костим за капење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


