Вечерта кога беше убиена Рива Стинкамп, девојката на Оскар Писториус очевидци слушнале врисоци и истрели од неговата куќа, изјави еден полицаец. На вториот ден од сослошувањето за кауција тој негираше дека станува збор за убиство со умисла на неговата девојка, тврдејќи дека ја заменил за натрапник.
Почетокот на судскиот процес против параолимписката ѕвезда се очекува за неколку месеци. Меѓутоа, изјавите за тоа што се случило на Денот на вљубените минатата недела продолжуваат да се појавуваат во преполната судница.
Писториус тврди дека спиел се’ до неколку моменти пред пукањето и дека немало расправија меѓу двојката. Најпознатиот параолимпиец на сите времиња и претходно бил апсен поради насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка



