| четврток, 6 декември 2018 |

Матеус доби син, му даде име Милан

матеус

Легендарниот германски фудбалер и поранешен тренер на Партизан го доби своето четврто дете, а втор син, на кое му го даде името Милан.

Бившиот тренер на Партизан, Лотар Матеус, доби син од врската со девојката Анастасија. Интересно е што Матеус на синот му го даде името Милан, но не е познато дали е тоа поради врската со Србија, каде тој ги водеше „црно-белите“ и беше оженет со Маријана Костиќ или поради клубот Милан, пишува српски „Телеграф“.

Матеус од претходните бракови ги има ќерките Алиса(28), Виола(26) и синот Лорис(21)

Колку за потсетување, името Милан е сѐ почесто кај познатите спортисти, а пред Лотар истото име на својот син го дадоа фудбалерот на Барселона, Пике и неговата сопруга Шакира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top