Новинарот Гонгадзе беше грабнат во септември 2000 година, а неговото обезглавено тело беше најдено во шума, неколку месеци подоцна.
Некогашниот телохранител на Кучма тогаш објави тајни снимки на кои се слуша глас кој наликува на гласот на Кучма, за тоа како се планира заговорот за убиството на Гонгадзе, потсетуваат американските медиуми.
Кузмин денеска на руското радио „Ехото на Москва“ изјави дека неговата канцеларија има „доволно докази“ за да ја докаже инволвираноста на Кучма во ова злосторство.
Кучма и претходно беше обвинет во врска со убиството на Гонгадзе , меѓутоа судот во 2011 година го затвори случајот.
До сега неколкумина полицајци беа осудени за извршување на убиството на новинарот.
Во јануари годинава полицискиот генерал Алексеј Пукаќ беше осуден од судот во Киев на доживотен затвор, бидејќи заедно со своите соработници на 15 март 2000 година го задушил опозицискиот новинар Гонгадзе, кој често пати го критикувал тогашниот претседател Кучма и целата тогашна власт.
Пукаќ не негираше дека го убил новинарот , но се бранеше со изговорот дека тоа го сторил во интерес на државата и власта, бидејќи Гонгадзе пишувал токму против нив.
Наредбата за ликвидација на непослушниот новинар на генералот Пукаќ наводно му ја дал тогашниот министер за внатрешни работи Јуриј Кравченко, кој по „портокаловата револуција“ извршил самоубиство во својата дача во близина на Киев.
Кучма постојано се бранеше со тоа дека со ова убиство нема ништо заедничко, меѓутоа опозицијата упорно тврдеше дека неговата намера била токму да се замолчи неподобниот новинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка



