
Македонската претставничка на изборот за песна на „Евровизија“, Тијана Дапчевиќ, ќе настапи вечерва на втората полуфинална вечер што се одржува во Копенхаген, Данска.
Со песната „To The Sky“ Тијана ќе настапи 11. по ред и ќе се бори за влез во финале на 59. издание на „Евросонг“. На сцената како придружни вокали ќе настапат и Тамара Тодевска, Пере од „Нокаут“ и Димитар Андоновски.
Вечерва ќе настапат и претставниците на Малта, Израел, Норвешка, Грузија, Полска, Австрија, Литванија, Финска, Ирска, Белорусија, Швајцарија, Грција, Словенија и Романија. Од нив, само 10 ќе се натпреваруваат во финалето в сабота, на 10 мај.
Во средата се одржа првата полуфинална вечер, а влез во финале обезбедија Црна Гора, Унгарија, Русија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Украина, Шведска, Холандија и Ирска.
Директен влез во финале имаат Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и Италија.
Годинава, вкупно 37 земји се дел од музичкото натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


