| четврток, 6 декември 2018 |

Судбината на ПАСОК надвисна над Бихаќка

Крај­но не­од­го­вор­но бег­ство од од­го­вор­но­ста. Ова би бил нај­ку­си­от опис на дејс­тву­ва­ње­то на Зо­ран За­ев. Со­о­чен со де­бакл, ли­де­рот ло­шо ја оди­гра ово­не­дел­на­та рол­ја на бо­жем­но из­ма­мен по­ли­ти­чар во по­тра­га по прав­да ста­ну­вај­ќи ин­стант-кан­ди­дат за „Злат­на ма­ли­нка“. Ме­сто оста­вка, тој го упо­тре­би оми­ле­ни­от, вол­ше­бен збор за Би­ха­ќка, ко­ја ве­ќе че­твр­ти пат за ед­на го­ди­на го пра­кти­ку­ва бој­ко­тот. Во не­де­ла­та из­ле­зе и ка­жа де­ка не приз­на­ва ни­што, по­ни­жу­вај­ќи мно­гу сто­ти­ци ил­ја­ди гра­ѓа­ни, или со во­ка­бу­ла­рот на не­го­ви­от кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел, се ра­бо­те­ше за сто­ти­ци ил­ја­ди гр­ла, ама сто­ка...

Би­ха­ќка тре­ба да го сме­ни но­во­то име. Па­вел Ша­тев е прем­но­гу доб­ле­сен и не­со­од­ве­тен на­зив за дел од ста­на­ри­те на оваа скоп­ска улич­ка, ко­ја и та­ка си­те ја име­ну­ва­ат со ста­ро­то име, тол­ку со­од­вет­но по­вр­за­но со та­мош­ни­те ју-но­стал­ги­ча­ри. Но и ста­ро­то име ве­ќе го пре­га­зи вре­ме­то. Нај­но­ва­та ини­ци­ја­ти­ва е Би­ха­ќка да се пре­кр­сти во Бој­кот­ска. За са­мо ед­на го­ди­на во со­ци­јал­де­мо­крат­ско­то зда­ние се ро­ди­ја не­ве­ро­јат­ни че­ти­ри бој­ко­ти. Бла­го­дар­ни­ца за оваа акут­на оп­се­си­ја при­стиг­на и од Бри­та­ни­ја, од се­мејс­тво­то на Чарлс Ка­нин­гам Бој­кот, кое е мно­гу гор­до на обо­жа­ва­те­ли­те од Би­ха­ќка.

Бри­тан­ски­от ка­пе­тан и над­зор­ник на имот од кра­јот на 19 век, чи­е­што пре­зи­ме ста­на си­но­ним за од­би­ва­ње со­ра­бо­тка од по­ли­тич­ки при­чи­ни, тре­ба мно­гу да им заб­ла­го­да­ри за одр­жу­ва­ње­то на не­го­ва­та „ло­за“. Впро­чем, СДСМ со не­го, со бој­ко­тот, вле­зе во кон­ку­рен­ци­ја за Ги­нис. Нај­ве­ро­јат­но е единс­тве­на­та пар­ти­ја во све­тот што из­ве­де че­ти­ри раз­лич­ни бој­ко­ти во ре­чи­си ед­на го­ди­на. Во­ед­но, исто тол­ку па­ти, бу­квал­но, ги уни­шти ими­џот и ид­ни­на­та на сопс­тве­на­та др­жа­ва. По­ра­ди оп­се­сив­на­та жел­ба за вра­ќа­ње на власт, Ма­ке­до­ни­ја е це­ла го­ди­на кла­си­чен за­лож­ник на лу­цид­ни­те кре­а­то­ри на сце­на­ри­ја од скоп­ска­та улич­ка. Ги ис­про­баа ли си­те кар­ти и оп­ции, од улич­на де­мо­кра­ти­ја, пре­ку не­ус­пе­шен бој­кот на ло­кал­ни из­бо­ри, па бој­кот на ра­бот­на­та гру­па што тре­ба­ше да го ре­ши 24 де­кем­ври, сѐ до бој­кот на ре­зул­та­ти­те од пре­тсе­да­тел­ски­те и од пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри на 27 април?! Што е мно­гу – мно­гу е, па ду­ри и за Би­ха­ќка, а ре­зул­та­ти­те се по­ни­жу­вач­ки за пар­ти­ја­та.

 

Кој сака да направи протекторат од Македонија?

Сво­и­те на­де­жи СДСМ по­втор­но ги те­ме­ли на Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Ка­ко и по кој знае кој пат, не­моќ­ни са­ми­те да на­пра­ват не­што, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те по­втор­но се во по­тра­га по аме­ри­кан­ска­та или европ­ска Бож­ја ра­ка, ко­ја тре­ба, нас­про­ти вол­ја­та на на­ро­дот, да ги усто­ли­чи на тол­ку по­са­ку­ва­ни­те фо­тел­ји на Илин­ден­ска. Со­о­че­ни со лич­на­та ка­та­стро­фа на из­бо­ри­те, т.е. со не­за­до­волс­тво­то на сопс­тве­ни­от на­род, СДСМ ја оди­граа нај­пер­фид­на­та пар­ти­ја во сво­е­то по­сто­е­ње. Им удри­ја шла­ка­ни­ца и на тие 280.000 гра­ѓа­ни што гла­саа за нив и на 380.000 за нив­ни­от „нат­пар­ти­ски“ кан­ди­дат, кој не мис­ле­ше ни де­ка е по­треб­но да им се обра­ти на овие гла­са­чи ве­чер­та, ту­ку го пу­шти сво­јот ли­дер да ја пре­не­се тра­гич­на­та вест. Тра­гич­на од ас­пект на не­ар­гу­мен­ти­ра­но­ста и на це­лос­на­та не­ос­но­ва­ност на чи­нот, но и тра­гич­на за др­жа­ва­та, ко­ја по­втор­но ста­на за­лож­ник на не­чи­ја жел­ба за власт. Нај­го­ле­ми­от проб­лем е во фа­ктот што ова нив­но сце­на­рио гра­ѓа­ни­те го про­чи­таа не­кол­ку де­на пред из­бо­ри­те. Ин­фор­ма­ци­и­те што про­те­коа од Би­ха­ќка го обе­ло­де­ни­ја цр­ни­от план за тор­пе­ди­ра­ње на из­бо­ри­те. Фа­те­ни во тес­но и со ра­це­те во тег­ла, са­мо мал­ку го ви­до­из­ме­ни­ја, но не го на­пу­шти­ја ова цр­но сце­на­рио. Го оди­граа до крај, а тра­ги­те од мар­ма­ла­дот оста­наа на нив­ни­те ра­це и ус­ни… Уви­ду­вај­ќи, пак де­ка на­и­доа на сил­на осу­да од ма­ке­дон­ска­та јав­ност, спро­тив­ста­ве­ност на си­те су­штин­ски пар­тии и не­ма­ње под­др­шка кај ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, де­но­ви­те што сле­ду­ваа тие де­мек одол­жу­ваа, а, всуш­ност, во­деа вој­на во пар­ти­ја­та око­лу бој­ко­тот. Ка­ко и да е, иа­ко ве­ро­јат­но пот­свес­но, беа во пра­во за не­што. Це­лос­но го по­го­ди­ја ло­го­то на сво­ја­та не­ус­пеш­на кам­па­ња: „Про­ме­ни за нов по­че­ток“. Да, но на Би­ха­ќка…

 

Опции –„перестројка“ во СДСМ или судбината на ПАСОК

На пар­ти­ја­та очај­но ѝ се по­треб­ни про­ме­ни, ве­лат поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те. Без сме­ни, осо­бе­но на ра­ко­водс­тво­то – дви­га­те­ли­те и одо­бру­ва­чи­те на по­губ­на­та по­ли­ти­ка што го до­ве­де СДСМ на ова де­ре­џе, мно­гу ве­ро­јат­но го оче­ку­ва суд­би­на­та на грч­ки ПАСОК. Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те од со­седс­тво­то во 2009 го­ди­на до­би­ја 160 ме­ста во Пар­ла­мен­тот, кој има 300 чле­на, а се­га има­ат ми­зер­ни 27 пра­те­ни­ци?! По­сто­ја­ни­от, сло­бо­ден пад е очиг­ле­ден и кај СДСМ. Раз­ли­ка­та со ВМРО-ДПМНЕ од 70.000 во 2011 го­ди­на по­рас­на на ду­ри 200.000 гла­со­ви за по­мал­ку од три го­ди­ни. 130.000 гла­со­ви во ми­нус го вклу­чи­ја алар­мот на Би­ха­ќка, но цр­ве­ни­от кар­тон за За­ев и на Ше­ќе­рин­ска оста­на да леб­ди во воз­дух, за­ма­ски­ран со пос­лед­ни­те очај­нич­ки оби­ди за сопс­твен спас пре­ку ге­не­ра­ли­за­ци­ја на по­ра­зот, за кој не бил ви­но­вен За­ев, ту­ку Гру­ев­ски?! Ре­ал­но, ВМРО-ДПМНЕ и е ви­нов­на што по­бе­ди со тол­ку го­ле­ма раз­ли­ка, што вне­се ин­ве­сти­ции од по­ло­ви­на ми­ли­јар­да евра за еден ме­сец, отво­ри 13.000 ра­бот­ни ме­ста и има­ше мно­гу по­до­бра про­гра­ма и по­зи­ти­вен на­стап во кам­па­ња­та. И до­де­ка ед­ни­от страв на За­ев се ви­ка Пен­да­ров­ски, кој одам­на, а се­га и со мно­гу по­до­бар реј­тинг, се спо­ме­ну­ва ка­ко не­гов нас­лед­ник, дру­га­та при­чи­на за кош­мар се ви­ка Стру­ми­ца, „не­го­ви­от“ град, кој се­га го за­гу­би, а со тоа и шан­са­та за нов гра­до­на­чал­нич­ки ман­дат. И уште по­ло­шо, се­то тоа пред буд­но­то око на мен­то­рот, ду­хов­ни­от гу­ру и ре­гу­ла­тор на сѐ на Би­ха­ќка, Бран­ко Цр­вен­ков­ски…

 

Saso-Klekovski-analizaКлековски – СДСМ да ги побара причините за неуспехот внатре во партијата

При­чи­ни­те и пос­ле­ди­ци­те за ва­ква­та си­ту­а­ци­ја во ко­ја се нај­де СДСМ, спо­ред мис­ле­ње­то на по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар Са­шо Кле­ков­ски, се кри­јат во по­ве­ќе по­греш­ни че­ко­ри и во не­кон­зи­стент­но­ста во дејс­тву­ва­ње­то. Со нај­но­ви­те ре­ше­ни­ја, ве­ли тој, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те про­дол­жу­ва­ат со по­греш­на­та по­тра­га по при­чи­ни­те над­вор, а не во пар­ти­ја­та…

Клековски: Из­бор­ни­те ре­зул­та­ти на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри се зас­но­ва­ат на пер­цеп­ци­и­те и на до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те ко­ја по­ли­тич­ка пар­ти­ја по­до­бро ќе ги ре­ша­ва оп­штес­тве­ни­те и по­ли­тич­ки­те пре­диз­ви­ци на Ма­ке­до­ни­ја. Гра­ѓа­ни­те таа до­вер­ба ја гра­дат врз ос­но­ва на по­ну­де­ни­те про­гра­ми со по­ли­ти­ка, мер­ки и про­е­кти и лу­ѓе­то што тре­ба да ги спро­ве­дат тие мер­ки. ВМРО-ДПМНЕ од 2006 го­ди­на гра­ди јас­на до­ктри­на, про­гра­ми, ка­ко и пре­поз­нат­лив тим од­го­во­рен за спро­ве­ду­ва­ње. СДСМ во 2009 го­ди­на и по­втор­но се­га во 2014 го­ди­на се оби­де да од­го­во­ри со про­гра­ма, но ни и со до крај јас­на до­ктри­на, да­ли е тоа ле­ви­ца или цен­тар, ка­ко и со не­до­де­фи­ни­ран тим. Освен од­го­во­рот со про­гре­си­вен да­нок на по­ли­ти­ка­та на ВМРО-ДПМНЕ за ра­мен да­нок, СДСМ не ус­пеа да раз­вие јас­на и раз­лич­на по­ли­ти­ка од таа на по­ли­тич­ки­от ри­вал ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се одра­зи и со по­ле­ми­ка во про­о­по­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми да­ли СДСМ да би­де ле­ви­ца или да пра­кти­ку­ва по­пу­ли­зам. Исто та­ка, СДСМ ни­ко­гаш не спро­ве­де вла­да во сен­ка, што тре­ба да ги про­фи­ли­ра лу­ѓе­то што се кон­ку­рен­ти на тие во ВМРО-ДПМНЕ. А ли­де­рот на СДСМ не ус­пеа да се прет­ста­ви ка­ко се­ри­о­зен кан­ди­дат за по­зи­ци­ја­та пре­ми­ер, со раз­ли­ка од три-че­ти­ри па­ти во до­вер­ба­та ме­ѓу ли­де­ри­те на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во ко­рист на ВМРО-ДПМНЕ.

На тие стру­ктур­ни проб­ле­ми во СДСМ, пред око­лу ед­на го­ди­на дој­де до про­ме­на на ра­ко­водс­тво­то на си­те ни­воа, кое за­вр­ши со те­мел­на про­ме­на на кан­ди­дат­ски­те ли­сти за пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри, а со отсус­тво на ра­ко­водс­тво­то од исти­те ли­сти.

Во та­кви ус­ло­ви се пот­тик­наа не­ре­ал­ни оче­ку­ва­ња де­ка СДСМ на овие из­бо­ри мо­же да по­стиг­не по­бе­да. На СДСМ му беа по­треб­ни про­ме­ни, но не­ре­ал­но е да се оче­ку­ва де­ка тоа мо­же да до­ве­де до пре­сврт за са­мо ед­на го­ди­на. Гра­ѓа­ни­те не стиг­наа ни­ту да ги за­поз­нат кан­ди­да­ти­те.

Ме­сто тоа, ве­ли Кле­ков­ски, СДСМ тре­ба­ше да се фо­ку­си­ра на про­грам­ска и на ка­дров­ска об­но­ва и на ба­ра­ње мож­ност на ло­кал­ни­те из­бо­ри во 2017 го­ди­на, пре­ку по­бе­да во по­ве­ќе го­ле­ми оп­шти­ни, ка­ко и во по­ве­ќе оп­шти­ни во Скоп­је. Тоа, спо­ред ана­ли­ти­ча­рот, би би­ла од­лич­на ос­но­ва за мож­на по­бе­да на след­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри.

Клековски: Во те­кот на са­ма­та кам­па­ња има­ше мно­гу ко­ле­ба­ња, во еден мо­мент Сте­во Пен­да­ров­ски бе­ше нат­пар­ти­ски кан­ди­дат, во друг кан­ди­да­та на СДСМ. Еден пат на­ста­пу­ва­ше сам, втор пат со ра­ко­водс­тво­то на СДСМ. Има­ше не­га­тив­на кам­па­ња, па не­ма­ше не­га­тив­на кам­па­ња. Во еден мо­мент се пов­ле­че пла­те­на­та по­ли­тич­ка про­гра­ма од не­кои те­ле­ви­зии.

На дру­га стра­на ВМРО-ДПМНЕ има­ше си­гу­рен на­стап, со над­моќ во ме­ди­у­ми­те и во ре­сур­си­те.

Та­ка СДСМ вле­зе во јаз ме­ѓу тоа што са­ка да по­стиг­не и ре­ал­но­ста. Со те­шки­от по­раз на Сте­во Пен­да­ров­ски во пр­ви­от круг на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, ка­ко ме­ур се рас­пад­наа не­ре­ал­ни­те оче­ку­ва­ња, што до­ве­де до де­мо­ти­ва­ци­ја на гла­сач­ко­то те­ло.

Со ед­но ама. А тоа е де­ка, се­пак, ре­зул­та­тот на Сте­во Пен­да­ров­ски е бит­но по­до­бар од тој на СДСМ. Да­ли Сте­во Пен­да­ров­ски има ли­дер­ски ам­би­ции во СДСМ не е поз­на­то, но мо­же да се оче­ку­ва вна­треш­на де­ба­та на што се дол­жи раз­ли­ка­та во гла­со­ви­те за Пен­да­ров­ски и за СДСМ.

Со се­гаш­ни­от при­стап со не­приз­на­ва­ње на ре­зул­та­ти­те од из­бо­ри­те, СДСМ не по­ка­жу­ва про­ме­ни и не ги ба­ра при­чи­ни­те за не­ус­пе­хот вна­тре во пар­ти­ја­та. Без сог­ле­ду­ва­ње на вна­треш­ни­те при­чи­ни не­ма да дој­де до про­ме­ни­те по­треб­ни за по­бе­да на из­бо­ри.

 

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева-Јовановска: Заев и раководството да ги напуштат фотелјите

Да пре­ста­нат со ка­фе-се­ир­џис­тво­то, ме­ѓу­себ­ни­те ме­стен­ки, лич­ни дис­ква­ли­фи­ка­ции и да се фа­тат за ра­бо­та, ве­ли проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва –Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је. Оста­вка­та на За­ев и на ра­ко­водс­тво­то се по­драз­би­ра по ва­ков по­раз. Но по­треб­на е не са­мо дла­бин­ска ре­фор­ма и про­ме­ни во ра­ко­водс­тво­то, ве­ли про­фе­сор­ка­та, ту­ку и про­ме­ни во на­чи­нот на дејс­тву­ва­ње. Ина­ку, уште по­ве­ќе ќе го гу­бат еле­кто­ра­тот.

Каракамишева-Јовановска: СДСМ и по­крај де­лум­ни­те про­ме­ни во пар­ти­ска­та ра­ко­вод­на стру­кту­ра, во це­ли­от овој пер­и­од, од за­ми­ну­ва­ње­то на Бран­ко Цр­вен­ков­ски, има проб­лем со по­ли­тич­ка­та вол­ја да на­пра­ви дла­бин­ски ре­фор­ми во пар­ти­ска­та ин­фра­стру­кту­ра, но и во мо­де­лот на пар­ти­ско­то дејс­тву­ва­ње, на­чи­нот на ра­бо­та, на­чи­нот на пре­зен­ти­ра­ње на сво­ја­та по­ли­ти­ка, и слич­но. По­себ­но за­гри­жу­ва што оваа пар­ти­ја не по­ка­жа ино­ва­тив­ност во соз­да­ва­ње­то по­ли­ти­ка, ка­де што оче­ку­вав де­ка се нај­под­го­тве­ни со ог­лед на фа­ктот де­ка по­го­лем дел од ра­ко­вод­на­та, но и од по­ши­ро­ка­та ка­дров­ска стру­кту­ра на нај­ви­со­ки­те пар­ти­ски те­ла и ор­га­ни до­а­ѓа од ре­дот на про­фе­сор­ска­та фе­ла. Имам чув­ство де­ка СДСМ за­луд­но го по­тро­ши вре­ме­то во це­ли­ов из­ми­нат пер­и­од. Ме­сто да се со­сре­до­то­чи на кон­ци­пи­ра­ње по­ли­ти­ка што ќе ѝ па­ри­ра на таа на вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја, ко­ја им е цел да ја по­бе­дат, тие се за­ни­ма­ваа со лич­ни дис­ква­ли­фи­ка­ции, ме­ѓу­себ­ни ме­стен­ки, ма­ал­ски му­а­бе­ти и слич­ни по­стап­ки, без мно­гу да се гри­жат за ви­стин­ска­та цел и функ­ци­ја на пар­ти­ја­та – да се на­о­ѓа­ат ал­тер­на­тив­ни ре­ше­ни­ја и по­ли­ти­ка со кои ќе мо­жат да се нат­пре­ва­ру­ва­ат со сво­и­те по­ли­тич­ки кон­ку­рен­ти. Раз­би­рам де­ка за кон­ци­пи­ра­ње­то на но­ви раз­вој­ни стра­те­гии и идеи тре­ба мно­гу труд, мно­гу не­прес­пи­е­ни но­ќи, мно­гу чи­та­ње, ана­ли­зи, син­те­зи итн., но тоа е единс­тве­ни­от на­чин да вле­зат во кон­ку­рент­ска­та тр­ка со ВМРО-ДПМНЕ. Си­те дру­ги оп­ции и ме­ха­низ­ми се гу­бит­нич­ки би­деј­ќи ВМРО-ДПМНЕ во це­ли­ов из­ми­нат пер­и­од на­мет­на со­се­ма но­ви по­ли­тич­ки вред­но­сти, по­ста­ви мно­гу ви­со­ки по­ли­тич­ки стан­дар­ди во по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње на кои гра­ѓа­ни­те се на­вик­наа и кои, ако са­каш да ги по­бе­диш, тре­ба на гра­ѓа­ни­те да им го свр­тиш вни­ма­ни­е­то со кон­цеп­ти што се по­до­бри од тие што им ги ну­ди вла­ста. Тоа е ма­ко­тр­пен про­цес, но е единс­твен до­би­тен про­цес. Ну­де­ње но­ви ка­дров­ски ре­ше­ни­ја под­го­тве­ни да се нат­пре­ва­ру­ва­ат со пе­кол­но­то тем­по на Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ну­де­ње по­до­бри про­грам­ски ре­ше­ни­ја од тие на ВМРО-ДПМНЕ, по­го­ле­ма мо­ти­ви­ра­ност за ра­бо­та и за кре­а­тив­но дејс­тву­ва­ње ме­ѓу пар­ти­ски­те чле­но­ви и акти­ви­сти, ели­ми­ни­ра­ње на тро­ше­ње­то енер­ги­ја на праз­ни му­а­бе­ти, ка­фе-се­ир­џис­тво, пар­ти­ски ме­стен­ки и ме­сто тоа на­со­чу­ва­ње на енер­ги­ја­та кон по­зи­тив­ни­те ра­бо­ти, тоа се, спо­ред ме­не, бит­ни­те фа­кто­ри што мо­жат да на­пра­ват про­ме­на во дејс­тву­ва­ње­то на СДСМ и кон по­го­лем ус­пех на оваа пар­ти­ја во не­кој на­ре­ден из­бо­рен про­цес. Без ва­ква дла­бин­ска ре­фор­ма не мо­жат да оче­ку­ва­ат ни­што по­ве­ќе од тоа што им го ис­по­ра­чаа гра­ѓа­ни­те ка­ко до­вер­ба. Ду­ри мо­жат и на­та­му да го гу­бат сво­јот еле­кто­рат и да се транс­фор­ми­ра­ат во но­ви суб­је­кти на по­ли­тич­ка­та сце­на.

По де­бак­лот на из­бо­ри, Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јо­ва­нов­ска оче­ку­ва за­ми­ну­ва­ње на За­ев и на ра­ко­водс­тво­то. До­кол­ку не зна­ат ка­ко да ја на­пра­ват про­ме­на­та, не­ка ви­дат ка­ко го на­пра­ви­ја тоа нив­ни­те про­тив­ни­ци, без коз­ме­тич­ки и лаж­ни про­ме­ни, кои ве­ќе не по­ми­ну­ва­ат кај гра­ѓа­ни­те.

Каракамишева-Јовановска: Ра­ко­вод­на­та стру­кту­ра, а по­себ­но ли­де­рот, по ва­ков из­бо­рен ре­зул­тат, но и по ва­ква ка­та­стро­фал­на по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја на по­стиз­бор­но од­не­су­ва­ње, мо­ра да ја на­пу­штат ли­дер­ска­та фо­тел­ја со цел поч­ну­ва­ње по­стап­ка за из­бор на но­во ра­ко­водс­тво. Тоа е нор­мал­но по­ли­тич­ко од­не­су­ва­ње на се­кој раз­у­мен и од­го­во­рен по­ли­ти­чар. До­пол­ни­тел­но на оваа кон­ста­та­ци­ја, се при­пи­шу­ва и по­ра­зот што го до­жи­веа Зо­ран За­ев во не­го­ва­та Стру­ми­ца, ка­де што е гра­до­на­чал­ник. Мно­гу па­ти до­се­га сум рек­ла де­ка коз­ме­тич­ки­те по­те­зи на на­вод­ни про­ме­ни, кои ги пре­зе­де СДСМ, не се до­вол­ни и не мо­жат да би­дат до­вол­ни во ус­ло­ви ко­га ос­нов­на­та ма­три­ца на по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње оста­ну­ва иста. Ни­кој не ве­ру­ва во та­кви бо­жем­ни про­ме­ни и ни­кој не да­ва до­вер­ба за та­кви ква­зи­про­ме­ни. Тоа ди­рект­но се по­ка­жа со при­ме­рот на ВМРО-ДПМНЕ. Гра­ѓа­ни­те му ве­ру­ва­ат на Гру­ев­ски за­тоа што ус­пеа од ко­рен да ја про­ме­ни по­ли­ти­ка­та на оваа пар­ти­ја од вре­ме­то на Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски и да вне­се дра­стич­но раз­ли­чен кон­цепт на ра­бо­та, на фор­му­ли­ра­ње стра­те­гии, на од­но­си со јав­ност, на ка­дров­ски ре­ше­ни­ја итн. При­ме­рот на ВМРО-ДПМНЕ тре­ба да им би­де ја­сен по­ка­за­тел на на­со­ка­та на дви­же­ње за за­креп­ну­ва­ње на СДСМ, до­кол­ку оваа пар­ти­ја има на­ме­ра да се за­си­ли во ид­ни­на. Ли­де­рот и дру­ги­те во пар­ти­ска­та стру­кту­ра мо­ра да би­дат при­мер за енер­гич­ни ра­бот­ни­ци, не­у­мор­ни по­ли­ти­ча­ри што има­ат не са­мо ини­ци­ја­ти­ва, ту­ку и кон­крет­ни де­ла што сто­јат зад нив. По­ли­ти­ка­та на плу­ка­ње и на оцр­ну­ва­ње на про­тив­ни­кот мо­ра да се оста­ви на­стра­на. Таа не е до­бит­на ком­би­на­ци­ја. Но, за да дој­де на по­вр­ши­на по­зи­тив­на­та енер­ги­ја во СДСМ, оваа пар­ти­ја ќе мо­ра да вне­се по­зи­тив­ни лич­но­сти на кои си­те ка­ра­кте­ри­сти­ки за кои го­во­рев ќе им би­дат ту­ѓи и не­при­фат­ли­ви ка­ко мен­та­ли­тет на од­не­су­ва­ње. За тоа се по­треб­ни про­ме­ни и во ка­ра­кте­рот на мно­гу лич­но­сти, прис­по­со­бу­ва­ње и про­ме­на на сти­лот на сопс­тве­но­то од­не­су­ва­ње, од плу­ка­чи, од кри­ти­зе­ри да пре­ми­нат во ино­ва­тив­ни и кре­а­тив­ни лич­но­сти. Во по­ли­ти­ка­та не мо­же­те да оче­ку­ва­те ус­пех са­мо за­тоа што ќе се по­ја­ви­те со сопс­тве­на­та ти­ту­ла или ус­пех во сво­ја­та про­фе­си­ја. Тие еле­мен­ти мо­жат да ви би­дат над­град­ба, ни­ка­ко ос­но­ва за по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње. За по­ли­ти­ка­та ви тре­ба­ат мно­гу по­ве­ќе атри­бу­ти: по­зи­тив­на ко­му­ни­ка­ци­ја, ем­па­ти­ја, ино­ва­тив­ност, спо­соб­ност за ко­ле­ктив­но ра­бо­те­ње, ме­на­џер­ски спо­соб­но­сти и уште мно­гу дру­го.

Analiza87-2

СДСМ се „крсти“ во стокхолмскиот синдром?!

СДСМ се кр­стат во Сток­холм и во слу­чу­ва­ња­та во швед­ска­та пре­стол­ни­на од 23 до 28 август 1973 го­ди­на. Че­ка­ат гра­ѓа­ни­те, т.е., ка­ко и др­жа­ва­та, за­лож­ни­ци­те на ели­ти­стич­ка­та и на­па­ти не­про­мис­ле­на опо­зи­ци­ска пар­ти­ја, да за­бо­лат од сток­холм­ски­от син­дром, од­нос­но да се по­и­сто­ве­тат и збли­жат со тие што ги мал­тре­ти­ра­ат. Спо­ред пси­хи­ја­три­те и кри­ми­но­ло­зи­те, кон збли­жу­ва­ње­то на овие две раз­лич­ни ка­те­го­рии нај­го­ле­ма уло­га има вре­ме­то што го по­ми­ну­ва­ат за­ед­но, а СДСМ ја те­ра ве­ќе 24. го­ди­на во по­ли­ти­ка­та, го­лем про­цент на гра­ѓа­ни­те се и ро­де­ни со нив на по­ли­тич­ка­та сце­на. Би­тен фа­ктор во по­и­сто­ве­ту­ва­ње­то и соз­да­ва­ње­то на не­ло­гич­на­та емо­тив­на вр­ска на за­лож­ни­ци­те со зу­лум­ќа­ри­те е и го­ле­ми­на­та на про­сто­ри­ја­та во ко­ја пре­сто­ју­ва­ат – кол­ку што е по­ма­ла, тол­ку е по­го­ле­ма шан­са­та за сток­холм­ски­от син­дром. За сре­ќа на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, пак, Ма­ке­до­ни­ја е ма­ла зем­ја, но за нив­на не­сре­ќа, на­ро­дот е ве­ќе отрп­нат на се­ка­кви сце­на­ри­ја…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 87. број на неделникот „Република“, 2.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top